Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жестоките борби продолжуваат во северниот дел на Газа

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Жестоките борби продолжуваат во северниот дел на Газа. При напад на областа Џабалија,  претходно израелската армија повикала на евакуација на цивилното население. Биле евакуирани над 100 илјади палестинци . Повиците за евакуација беа причина за загриженост на агенцијата на ОН за помош и работа на палестинските бегалци.

Откриени се и нови тунели во појасот Газа. Потпаролот на израелската армија истакна дека е откриен појас во градот Зејтун, од каде Хамас ги планирал своите напади. Според него убиени се околу 30 терористи, а откриен е и уште еден тунел во источен Рафа. Тој додаде дека војната е против  Хамас, а не против народот во Газа.

„ Нашите операции против Хамас во Рафах остануваат ограничени по обем и се фокусираат на: тактичкиот напредок; тактичките приспособувања и клучните воени предности и ги избегнавме густо населените области од почетокот на нашата прецизна операција против Хамас во Рафах, елиминиравме десетици терористи, разоткривме тунели за тероризам и огромно количество оружје – изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.

Голем број на Израелци пак синоќа преку протест ги изразија своите незадоволства. Демонстрантите  бараат оставка од премиерот Нетанјаху и итен договор за ослободување на  заложниците кои ги држеше Хамас во Газа.

„Не мислам дека сега треба да бидеме во Рафах. Мислам дека единственото нешто што треба да направи израелската влада и да преземе каква било акција и каква било сила е да ги спаси и ослободи заложниците. Ова е првата мисија што ја Премиерот и владата треба да направат токму сега. Не верувам дека ова е најважната акција што треба да се преземе токму сега во овој момент причина поради која сум тука“ – истакна Шели Шенхав Келер, демонстрант.

„Нема да се откажеме, веќе долго сме на улица, ќе останеме на улица. Планираме големи демонстрации за Денот на независноста. Ова не е ден за славење, за три дена. Ова е ден на жалост, оваа влада планира прослави и ние нема да станеме, нема да се согласиме со тоа и ќе излеземе на улица и на Денот на независноста за да го запреме ова ужасно однесување на нашата влада – вели Јаир Кац, демонстрант.

Израелската полиција туркајки ги и употребувајки вода, се обиде да ги избрка демонстрантите од центарот во Тел Авив.

Марија Коцева