Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ливерпул пронајде замена за Салах и тоа во Њукасл

/

пред 875 дена

Сподели преку :

Иднината на Мохамед Салах во редовите на Ливерпул е неизвесна. Премиерлигашот веќе ја планира иднината и го идентификуваше Ентони Гордон од Њукасл како потенцијално ново засилување во нападот.

Младиот Англичанец игра одлична сезона во дресот на „црно-белите“. Во Премиерлигата на 34 натпревари има 10 голови и исто толку асистенции. Тој пристигна на „Сент Џејмс Парк“ во јануари 2023 година од Евертон за 43 милиони евра.

Њукасл сега го проценува на 100 милиони евра, па доколку Ливерпул сака да го доведе во своите редови ќе треба да го сруши клупскиот трансфер рекорд.