Оливие Жиру по завршувањето на оваа сезона ќе си замине од редовите на Милан како слободен агент и ќе ја продолжи кариерата во МЛС-лигата во тимот на Лос Анџелес ФЦ.
Голгетерот три години го носи дресот на „росонерите“ и во првата сезона успеа да го освои трофејот во Серија А. На вкупно 130 натпревари во сите конкуренции, Жиру постигна 48 голови за Милан и подели 20 асистенции.
Претходно во кариерата играше и за Челси, Арсенал, Монпелје, Тур и Гренобл.











