Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се сруши билборд во центарот на Индија убивајќи 14 луѓе, додека 74 се повредени

/

пред 891 дена

Сподели преку :

Билборд се урна за време на силно невреме кое го зафати западниот индиски град Мумбаи, при што загинаа најмалку 14, а повредени се 74 лица, известуваат тамошните власти.

Спасувачката операција е сѐ уште во тек, а уште не се пронајдени исчезнатите лица за кои се смета дека се под урнатините на срушениот билборд.

Дождот, пропратен со силни ветрови, предизвика билбордот со висина од 30 метри да се сруши  Најмалку 47 луѓе беа веднаш спасени од страна на локалните противпожарни единици. Полицијата започна да работи на случајот, а од досегашните соопштенија е потврдено дека е незаконски поставен.

Индија во периодот се соочува со обилни врнежи од дожд и силни поплави, кои ја одбележуваат сезоната на монсуни кои се забележливи секоја година помеѓу јуни и септември.