Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Лекари без граници“ ја прекинаа работата во клиниката во Рафа

/

пред 891 дена

Сподели преку :

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ ја прекина работата во т.н. индонезиска болница во градот Рафа во Појасот Газа, бидејќи израелската офанзива се засилува.

Како што пренесе ДПА, останатите 22 пациенти се префрлени во други установи, бидејќи нивната безбедност повеќе не може да се гарантира, изјави портпаролката на организацијата.

„Лекари без граници“ ги истакна проблемите со кои се соочи од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас.

„Моравме да заминеме од 12 различни здравствени структури и издржавме 26 насилни инциденти, кои вклучуваат воздушни напади кои ги оштетија болниците, тенкови пукаа во претходно договорени засолништа, копнени офанзиви во медицински центри и конвои врз кои се пукаше“, изјави координаторот за итни случаи Мишел-Оливие Лашарите во соопштение.

Според организацијата на ОН за итна помош ОЦХА, 24 од 36 болници во Појасот Газа повеќе не се во функција.