Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опожарен автомобилот на директорот на затворот Идризово, огнот зафатил и фасада и балкони на зграда

/

пред 886 дена

Сподели преку :

Утрово во 3:35 часот, во Полициска станица Кисела Вода во Скопје, е пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј..

Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.