Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Фицо застрелан во градите среде бел ден, напаѓачот уапсен – обид за атентат врз словачкиот премиер

/

пред 886 дена

Сподели преку :

Пред малку медиумите ги обиколи веста за обид за атентат на словачкиот премиер Роберт Фицо. Бил застрелан по состанокот на владата во Хандлова, објави словачката државна новинска агенција ТАСР. Потврда за ова стигна и од заменик-претседателот на словачкиот парламент Џубош Блаха.

Премиерот Фицо по седницата излегол пред Домот на културата и во моменетот кога се поздравувал со луѓето се слушнале истрели. На видеото што се појави на социјалните мрежи се гледа како обезбедувањето го совладува напаѓачот кој пукаше во Фицо, кој, пак, веднаш пренесен во болница.