Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ал-Хути: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

/

пред 889 дена

Сподели преку :

Водачот на јеменската бунтовничка група Хути, Абдулмалик ал-Хути, денеска изјави дека членовите на групата ќе го гаѓаат секој брод, од која било компанија, кој се движи кон израелските пристаништа, во која било област до која ќе стигнат.

Тој во телевизискиот говор истакна дека нивните напади нема да бидат ограничени само на регионот на Црвеното Море.

Бунтовничката група Хути, која ги контролира најнаселените делови на Јемен и е поврзана со Иран, со месеци организира напади врз бродови во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во конфликтот со Израел во Појасот Газа