Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Азески: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

/

пред 877 дена

Сподели преку :

Вака првиот човек на најголемата комора во земјава Азески, ја коментира најавата на новиот мандатар Мицкоски  за нов заем од 1 милијарда евра од странска влада. Азески со порака ако се земат овие пари да се искористат паметно.

Мицкоски не откри од каде ќе биде овој заем, само каза дека е од европска држава која нуди добри услови и дека наскоро ќе биде соопштено во јавноста.

Според информации на Телма во преговорите за заемот учествува и поранешниот министер за финансии Ставревски.

Експертите, пак, предупредија да се внимава со вакиот заем. Порачаа прво дома да се среди трошењето, па потоа да се договараат позајмици.

Вчера Мицкоски најави и ревидирање на договорот со Бехтел и Енка. Азески вели „ако се работи за подобрување, ќе ја подржиме ревзијата“, во спротивно договорот треба да остане  така како што е.

Од Бехтел и Енка веќе побараа од Стопанската Комора во екот на изградба на патиштата да им помогнат со обезбедување на 4.000 работници.

Ирена Чачкова