Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

/

пред 886 дена

Сподели преку :

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж утре ќе дознае дали е изгубена неговата 13-годишна правна битка против екстрадицијата од Велика Британија во САД, каде што е обвинет за шпионажа.

Двајца судии на Високиот суд во Лондон утре ќе одлучат дали британскиот суд ги прифаќа гаранциите од Вашингтон дека Асанж (52) нема да се соочи со смртна казна за време на судењето за шпионажа во САД и ќе може да се повика на правото на слобода на говорот од првиот амандман.

Адвокатскиот тим на Асанж вели дека опциите се отворени – тој би можел да се најде во авион за Америка во рок од 24 часа, би можел да биде ослободен или неговиот случај да оди во нова, повеќемесечна правна процедура.

Имам чувство дека сѐ може да се случи во оваа фаза. Може да биде екстрадиран или да биде ослободен, изјави сопругата на Асанж, Стела минатата недела.

Викиликс објави стотици илјади доверливи американски воени документи за американските војни во Авганистан и Ирак, како и голем број дипломатски телеграми, поради што американското обвинителство го товари Асанж за кршење на Законот за шпионажа.