Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

/

пред 875 дена

Сподели преку :

И годинава оризопроизводителите од Општина Чешиново-Облешево мака мачат со сеидбата. Водата за наводнување никако да стаса до нивите, за да ги наполнат. Револтирани се што со овој проблем со соочуваат со години наназад. Површините се подготвени за сеидба, трошоците се направени, а не можат да ги посеат.

Сеам површина од 12 хектара под ориз. Не сум заводоволен од водостопанство „Брегалница“, никако. Значи секоја година не изигруваат. За оваа година ни беше ветено дека вода ќе се пушти на 6-ти мај, а капка вода нема. Ние имаме вложено многу труд, репроматеријал, финансиски средства имаме многу вложено. Тоа го знаеме само ние земјоделците, нивите по 5-6 пати ги обработуваме, изјави Лазо Стојчев, оризопроизводител од с. Уларци.

Оризопроизводители од Чешиново-Облешево велат дека со задоцнетата сеидба и годинава ќе имаат намален квантитет и квалитет на годинашната реколта, зашто постои оптимален рок за одредени сорти на ориз.

Штетите се катастрофално големи. Секој земјоделец е фрлил по 2000-3000 евра, а на семињата кои треба да ги посееме им помина рокот, зашто оптимален рок е до 15-ти мај. Каде да одиме, каде да протестираме, изјави оризопроизводител.

Од водостопанство „Брегалница“ велат  дека водата за наводнување  е пуштена во хидросистемот, но доцни поради неисчистени канали, бидејќи имале дефект на една од машините, но проблемот веќе е надминат. Во кочанскиот регион годинава ориз ќе се сее на површина од 3.700 хектари.

Викторија Димитрова Јованова