Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

/

пред 875 дена

Сподели преку :

Струмичките земјоделци се жалат на лош старт на производствената година, ако се суди според пласманот на пролетната зелка. Според нив, до 40% од производството останало во нивите. Ристо Велков вели дека ова е неочекуван пресврт по лани, кога градинарите постигнаа високи цени на зеленчукот во текот на сите производствени турнуси.

Освен слабиот интерес за зелката, и она што с епродаде било по пониски цени. Велков вели дека стихијното производство е коцкање, а земјоделците ризикуваат вложувајќи ги заштедите во несигурни култури.

Зелката е една од најзастапените култури во струмичко главно поради ниските производствени трошоци, но и помалиот труд потребен за нејзино одгледување.

Сузана Мицева