Ракометарите на Алкалоид триумфираа во Купот на Македонија откако по подобро изведување на удари од седум метри го совладаа тимот на Еурофарм Пелистер.
Херој на составот од Автокоманда повторно беше младиот голман Иван Галевски кој беше брилијантен во пенал серијата и со два одбранети удари му донесе историски триумф на својот клуб.
Конечниот резултат по изведувањето на седмерците беше 25:23, а по 60 минути игра двата тима постигнаа по 22 погодоци.
ФОТО: Игор Паневски














































