Германија оцени дека барањата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд за издавање налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас под сомнение дека извршиле воени злосторства даваат „лажен впечаток на еквивалентност“.
Ваквата реакција доаѓа откако вчера главниот обвинител, Карим Кан, изјави дека се поднесени налози за апсење против Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант под обвинение за „предизвикување истребување, поттикнување глад како метод на војна, вклучително и одбивање хуманитарна помош и намерно таргетирање цивили во конфликтот“.
„Хамас продолжува да држи израелски заложници во неописливи услови, го напаѓа Израел со ракети и го користи цивилното население во Газа како жив штит.
Израелската влада има право и должност да го штити и брани својот народ“, се наведува во соопштението на германското Министерство за надворешни работи.











