Иран денеска ќе ги спроведе погребните ритуали за иранскиот претседател, министерот за надворешни работи и другите лица кои загинаа во хеликоптерската несреќа.
Главниот настан ќе се одржи во Табриз, главниот град на Источен Азербејџан.
Телото на Ебрахим Раиси подоцна ќе биде пренесено во Техеран, пред да биде погребано во неговиот роден град Машхад во североисточниот дел на Иран.
Според извештаите на иранската новинска агенција Тасним, по меморијалната церемонија во Табриз, во 16 часот по локално време ќе се одржи уште една во градот Ком, осум километри југозападно од Техеран.
Утре во Техеран ќе се одржи погреб со почести, по што неговото тело ќе биде пренесено во Машхад.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вчера прогласи петдневна жалост по смртта на иранскиот претседател. Раиси зад себе остави сопруга и двете ќерки.











