Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

48-мина приведени во угостителски објект во Топанско поле, имало и малолетници и пензионери што седеле таму 6 часа по епидемиското работно време

/

пред 2097 дена

Сподели преку :

Полицијата соопшти дека во угостителски објект во Скопје синоќа привеле 47 гости во угостителски објект, како и 53-годишниот сопственик на локалот.

Сите ќе добијат кривични пријави за „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Полицијата пред интервенцијата добила пријава дека објектот во населбата Топанско поле работи по што отишле на лице место во 22 часот синоќа. Во објектот внатре затекнале гужва, а меѓу гостите имало и малолетници и пензионери. Приведените се на возраст од 17 до 75 години.

МВР испрати соопштение и фотографија од пломбираниот објект затворен од пазарните инспектори.

-На 11.01.2021 во 22,00 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на улица “Ѓорѓи Поп Христов” во Скопје работи по 18,00 часот, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје и констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години. Затекнатите лица како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка. Од страна на Државен пазарен инстпекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.