Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека во нападот врз Севастополскиот Залив, каде што се наоѓаат некои бродови на руската Црноморска флот, бил погоден и уништен рускиот ракетен брод „Циклон“.
„Ноќта на 19 мај, одбранбените сили на Украина го погодија рускиот ракетен брод „Циклон“ во Севастопол“, соопшти Генералштабот.
Нападот бил изведен со беспилотни летала.











