Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бостон со победа против Индијана го отвори финалето на Истокот

/

пред 865 дена

Сподели преку :

Бостон славеше со 133-128 по едно продолжение против Индијана за водство од 1-0 во финалната плеј-оф серија на Источната конференција.

Џејлен Браун погоди тројка на шест секунди до крајот за да изнуди екстра време. Во дополнителните пет минути домашните стигнаа до важна прва победа на домашен паркет.

Џејсон Тејтум имаше 36 поени и 12 скока во победничкиот состав, Џру Холидеј Реализираше 28, додека Браун го заврши натпреварот со 26 поени.

Кај Индијана, Тајрис Халибартон имаше 25 поени и 10 асистенции, Паскал Сијакам реализираше 24 поени со 12 скока, а Мајлс Тарнер имаше 23 поени и 10 скока.

Бостон е домаќин и на вториот натпревар, што се игра во петок во два часот по полноќ. Финалната серија во Западната конференција започнува утринава во 2:30 часот по полноќ во која Минесота го пречекува Далас.