Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руското Министерство за одбрана предлага ревизија на државните граници кон Финска во Балтичкото Море

/

пред 883 дена

Сподели преку :

Руското Министерство за одбрана предложи ревизија на државната граница во територијалните води на Русија во Балтичкото Море.

Во нацрт-уредбата од 21 мај, објавена на федералниот портал на нацрт-регулаторни правни акти, Министерството предложи прилагодување на границата околу руските острови во источниот дел на финскиот залив и околу Калининград, јавуваат руските агенции.

Како што е објаснето, за да се обезбеди безбедност на пловидбата, се предлага прилагодување и преобјавување на националните карти за поморска навигација во соодветна мера. Наведено е и дека документот моментално е во фаза на подготовка.

Министерството за надворешни работи на Финска соопшти дека ги „разработува деталите“ по информациите за можна ревизија на поморските зони во финскиот залив од страна на Русија, рече министерката Елина Валтонен.

Таа додаде дека Русија треба да ја почитува Конвенцијата на Обединетите нации за поморското право.