Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема проблеми на повтореното гласање на избирачките места во 5-та Изборна Единица

/

пред 879 дена

Сподели преку :

3521 граѓанин со право на глас се запишани на 6 избирачки места во 5 ИЕ каде денес се прегласува за парламентарните избори. Неправилности на гласањето на 8 мај се утврдени на две избирачки места во општината  Долнени, 2 во  Крушево, и по едно  во Охрид и Струга. Нема проблеми на повтореното гласање на избирчакото  место 1272 во Охрид  каде гласаат 711 граѓани.

-До овој момент изборниот процес тече без никаков проблем. Излезноста  е околу 27 проценти, избирачкото место беше отворено утрово во 7 часот, изјави Татјана Трпчевска, претседател на ИО .

Во Струга на повтореното гласање на избирачкото место 1844 во ОУ Јосип Броз Тито  гласаат 753 граѓани. Гласањето се довива во помошна просторија на училиштето, каде паралелно тече и образовниот процес.

-Навреме е отворено во 7 часот, тогаш имавме и прв гласача. Досега се е во ред, се надеваме дека нема да има никакви проблеми, изјави Зимрише Хоџа, претседател на ИО на 1844 – Струга.

Граѓаните на Охрид и Струга кои ги затекнавме на гласачките  места, велат дека немаат големи очекувања, но сепак ја исполнуваат својата граѓанска должност и излегоа на гласање.

-Истата песна, со нов оркестар. Да биди најубаво за народот, затоа што народот е осиромашен,  а секоја добра идеја  е корисна за народот, вели граѓанин

-Очекуваме благосостојба за сите, младите   да останат, да биде подобро за сите, вели друг граѓанин

-Ништо не очекувам, гледам каква е работата, за никаде  е тргната, ама ќе видиме, вели граѓанин

Прегласувањето засега се одвива без проблеми и во општина Крушево каде  на две избирачки места  во селата Бучин и Јакреново гласаат 767 граѓани , а навреме се отворени и двете избирачки места во село Дебреште, во општина Долнени каде право на глас имаат 1290 гласачи.

Емилија Мисирлиевски