Со победата од 2:1 во дуелот против Воска Спорт, фудбалерите на Тиквеш триумфираа во Купот на Македонија и го освоија првиот трофеј во клупската историја.
Кавадарчани доминираа во текот на целиот меч и заслужено стигнаа до победата. Тиквеш со головите на Кристијан Стојкоски во 41. и Луан Силва во 60. минута имаше предност од 2:0, а единствениот гол за Воска Спорт беше дело на Николче Шарковски 77. минута од мечот.
ФОТО: Игор Паневски














































