Во Русија нема потреба од мобилизација, претседателот зборуваше за тоа неколку пати, изјави за РИА Новости прес-секретарот на шефот на државата Дмитриј Песков.
Тој ваквиот коментар го даде за изданието на Фајненшл тајмс по тврдењата дека Русија до крајот на оваа или почетокот на следната година можеби ќе треба повторно да прибегне кон мобилизација на нови регрути за војната во Украина.
„Ние многу активно регрутираме и продолжуваме да регрутираме волонтери со договор, тоа се случува секојдневно и претседателот го кажа ова многу пати. Според мислењето на војската, нема потреба од нова мобилизација“, изјави Песков за руската новинска агенција.
Делумна мобилизација беше објавена во Русија на 21 септември 2022 година.
Според тогашниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, неопходно било да се контролира илјада километарската контактна линија и ослободените територии во Украина.
Во армијата беа регрутирани 300.000 резервисти, главно оние кои веќе служеле, имале искуство и воена специјалност.
После тоа, властите се префрлија на регрутирање на воен персонал врз основа на договори.
На крајот на февруари Шојгу објави дека од почетокот на годината 50.000 луѓе отслужиле воена служба според договорот.
Во текот на минатата година, според договорот, биле регрутирани речиси 540 илјади војници, што овозможило создавање на две резервни армии и шест дивизии, наведува РИА Новости.











