Пожар избувна во центар за нега на бебиња во главниот град на Индија, при што загинаа седум новороденчиња.

Спасувачите пренеле 12 новороденчиња од центарот во блиската болница, но пет од нив починале поради вдишување чад, изјавија пожарникарните служби.

Другите пет бебиња преживеаја и се лекуваат од вдишување чад.
Пожарот на првиот кат од центарот е изгаснат за околу еден час.

Причината за пожарот во областа Вивек Вихар во источен Делхи се истражува.

Претходно, најмалку 27 лица загинаа во голем пожар во преполн забавен парк во градот Рајкот во државата Гуџарат во западна Индија.

Пожарите се вообичаени во Индија, каде градежниците и жителите често ги прекршуваат градежните закони и безбедносните кодекси.











