Во бомбардирањето на хипермаркетот за продажба на градежни материјали во вториот по големина град на Украина од страна на руските сили убиени се 12 лица, а најмалку 43 се повредени. Десет од пронајдените тела се уште не се идентификувани соопшти украинското министерство за внатрешни работи.
Украинскиот градоначалник соопшти дека во нападот биле користени две наведувани бомби кои предизвикаа силен пожар на објектот кој бил со површина од 15 илјади метри квадратни.
Се стравува дека бројот на загинати може да порасне бидејќи во објектот кој е цивилна инфраструктура се претпоставува дека во моментот на нападот имало над 200 лица.
Само неколку часа по нападот на маркетот, руските сили извршија втор напад врз центарот на Харков, каде што се повредени најмалку 25 лица.
Според руските медиуми, армијата уништила магацин со оружје во трговски центар во Харков.
Руската страна наведува и дека во магацините на маркетот било складирано оружје, што довело до силна експлозија.











