Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Илјадници луѓе застанаа во редици по улиците на Тел Авив за да се простат од Ханан Јаблонка

/

пред 879 дена

Сподели преку :

Илјадници луѓе излегоа со израелски знамиња на улиците на Тел Авив за време на погребната поворка на Ханан Јаблонка, чие тело беше извлечено од Газа минатата недела.

Телата на Јаблонка, Мишел Нисенбаум и Орион Хернандез Радукс беа пронајдени во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, каде израелските војници се борат со милитантите на Хамас.

Раду и Јаблонка, беа убиени додека се обидуваа да избегаат од музичкиот фестивал Нова на 7 октомври, каде напаѓачите убија стотици луѓе.

Нивните тела потоа беа однесени во Газа и вброени меѓу заложниците.

Хамас сè уште држи околу 100 заложници и останките на околу 30 други, откако повеќето од останатите беа ослободени за време на прекинот на огнот минатата година.