Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево со мала до умерена облачност, попладне на некои места нестабилно – Временска прогноза за 28.5.2024

/

пред 862 дена

Сподели преку :

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб северен ветер.

Информации од ова утро: 27.5.2024 год

Минимална температура (во °C)

5 Берово, 6 Попова Шапка, 7 Лазарополе, 8 Крива Паланка, Маврови Анови, 9 Крушево, 10 Претор, Битола, 11 Прилеп, Виница, Струмица, 12 Гевгелија Охрид, Дебар, Тетово, Скопје-Петровец, Демир Капија, Велес, Кавадарци, 13 Штип, Скопје-Зајчев Рид.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

15 Маврови Анови, 14 Дебар, 8 Лазарополе, 7 Попова Шапка, 3 Тетово, Крушево, 2 Прилеп, Скопје – Петровец, 1 Пожаране, Битола.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР

e-mail: [email protected]