Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓународниот кривичен суд во одговор до САД за налогот за Нетанјаху: „Нашата работа не е да стекнуваме пријатели“

/

пред 878 дена

Сподели преку :

Никој не смее да врши воени злосторства или злосторства против човештвото“, порача обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан, неколку дена откако тој побара налог за апсење на израелскиот премиер и лидерите на Хамас.

Поради тоа се најде на удар на критики бидејќи бараше издавање на овие налози за апсење за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Појасот Газа и Израел.

„Нашата работа не е да се дружиме. Не можеме да имаме двојни стандарди“, додаде тој, уверувајќи дека „светот ја следи ситуацијата“ во Газа и Израел.

Кан нагласи дека „Израел има целосно право да го заштити своето население и да ги ослободи заложниците“, но порача дека никој нема право да врши воени злосторства.

Реагирајќи на потегот на Меѓународниот кривичен суд, односно издавање налози за апсење на Нетанјаху како и на лидерите на Хамас, американскиот претседател Џо Бајден рече дека „не може да има равенка меѓу Израел и Хамас“.