Најмалку 10 лица загинаа, а 39 лица се ранети во верижна сообраќајна несреќа во која учествуваа четири возила на автопат во јужна Турција вчера, соопштија тамошните власти.
Несреќата се случила на автопатот Мерсин-Адана во областа Тарсус во провинцијата Мерсин.
„За жал, загубивме животи. Според првичните сознанија, за жал, имаме десет загинати и 39 повредени лица“, изјави гувернерот на Мерсин Хамза.
Во тек е интензивно расчистување на случајот и пронаоѓање на главните причини за истиот.











