Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

35 лица загинaа во градот Рафах откако Хамас го нападна Тел Авив

/

пред 878 дена

Сподели преку :

Најмалку 35 лица се убиени откако Израел во воздушен напад го нападна јужниот град Рафах и ги погоди шаторите во кои се сместени раселените лица. Нападот се случи откако Хамас лансираше ракетeн бран врз Тел Авив за прв пат по неколку месечната војна.

Нападите се случија два дена откако Меѓународниот суд на правда на Обединетите нации му нареди на Израел да ја прекине воената офанзива во Рафах, каде што повеќе од половина од две милионското население на Газа побара засолниште пред израелскиот упад кој се случи овој месец.

Десетици илјади луѓе останаа заробени во областа Рафах, додека многу други побегнаа.

Израелската армија го потврди нападот и рече дека ја погодила инсталацијата на Хамас и убила двајца високи позиционирани милитанти на групата.

„Хамас ја започна оваа војна на 7 октомври. Хамас избира да ја продолжи оваа војна со тоа што одбива да ги ослободи нашите заложници и продолжува да го напаѓа Израел. Хамас држи 125 наши луѓе како заложници преку нашата граница во Газа. Ние нема да престанеме да се бориме за нивната слобода Ова е она што би го направила секоја пристојна земја во светот”, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската армија.

Бројот на загинати се зголемува, бидејќи теренските служби имаат отежнати услови во пронаоѓањето и спасувањето на жртвите во Рафах. Според палестинските власти, многу лица остануваат заробени под пламенот и во шаторите кои се уништени од бомбардирањето.

Локација на нападот била одредена од страна на Израел, а за негово дејствување биле известени и граѓаните кои биле принудени да се евакуираат.

Црвениот крст во Рафах прими голем број на пациенти, а број на жртви расте од час во час.