Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши во спикерската фотеља, Меџити во вицепремиерска, Таравари во министерска, две министерства и за ЗНАМ

/

пред 874 дена

Сподели преку :

Претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши е дефинитивно новиот претседател на Собранието. Претседателот на „Демократско движење“, Изет Меџити ќе биде вицепремиер за политички систем, а истовремено и министер за животна средина. Неговата партија ќе има и двајца заменици министри во транспорт и врски и во МВР.

И покрај тоа што размислуваше да остане на градоначалничката позиција, Арбен Таравари сепак одлучил да го предводи Министерството за здравство.

Коалицијата „Вреди„ ќе го добие и министерството за социјална политика, демографија и млади, за економија и труд, секторот Евроинтеграции и министерството без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ остануваат МВР, Министерство за финансии, Транспорт и врски, Образование и наука, Култура, Министерство за надворешни работи, Земјоделство, Локална самоуправа, Одбрана, Енергетика, Политички систем и други.

И преговорите со ЗНАМ финишираат. Тие ќе добијат две министерства, министерството за правда и новото министерство за администрација.

Се очекува разговорите да завршат овие денови и да биде потврдена новата влада.

За утре е закажана конститутивната седница на Собранието. Со ваква владина коалциија, мандатарот Христијан Мицкоски ќе располага со дво-третинско мнозинство пратеници во Собранието, колку што е потребно да се направи реорганизацијата што беше најавена во предизборната програма.

Далиборка Демјанска Цветановска