Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбојкарите безбедно слетаа во Скопје: Посилни сме од громовите

/

пред 858 дена

Сподели преку :

Македонската одбојкарска репрезентација утринава безбедно слета во Скопје откако синоќа имаше непријатна ситуација при полетувањето од аеродромот во Цирих. Авионот беше погоден до гром.

Националниот тим синоќа требаше да се врати во Македонија, но при полетувањето од Цирих авионот бил погоден од гром по што пилотот одлучил веднаш да се врати назад поради безбедносни прични.

Непријатната ситуација го одложи враќањето на одбојкарите во Скопје, па тие утринава безбедно се вратија. На социјалната мрежа „Фејсбук“, Одбојкарската федерација кратко напиша, „посилни од громовите“.


Тимот се враќаше од Беверен каде го игравме вториот турнир во рамки на Златната лига. Остваривме една победа против Азербејџан во три сета и запишавме пораз од домаќинот Белгија во пет сета. Веќе утре вечер нашите одбојкари имаат ново патување и тоа во Осиек, каде на 31.мај во петок ќе играме против домаќинот Хрватска, а веќе следниот ден ќе ги одмериме силите и со Шпанија исто така во рамки на Европската златна лига.