Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И во Македонија стигна Dell AI Factory- модерниот систем за вештачка интелигенција

/

пред 866 дена

Сподели преку :

Во Скопје денес се одржа технолошка конференција во организација на Макпетрол во партнерство со светскиот ИКТ гигант Dell Technologies.

ИКТ менаџерите од најголемите македонски компании денес беа дел од настанот посветен на иновациите во портфолиото на производителот Dell кој е пионер во имплементација на решенија за вештачката интелигенција во организациите.

На настанот за прв пат беше претставен концептот Dell AI Factory пионерското решение кое ги интегрира водечките компјутери, складирање, вмрежување, работни станици и лаптопи на Dell, со напредната инфраструктура за вештачка интелигенција на NVIDIA и софтверот NVIDIA Enterprise AI.