Израелскиот авионски напад врз кампот за раселени Палестинци во Рафа во кој загинаа десетици цивили е „ужасен“ но тоа нема да ја смени копнената операција и не нарушува некакви „црвени линии“ на САД, изјавија синоќа од Белата куќа портпарол на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.
Според него Израел признал дека станува збор за катастрофална грешка како и дека израелската армија не навлегла во јужниот град со голема копнена операција.
Но додаде дека САД не „замижуваат“ на страдањата на палестинските граѓани.
Посочи дека во ударот од воздух биле убиени двјаца високопозиционирани раководители на Хамас директно одговорни за терористичкиот напад врз Израел од 7ми октомври.
Исто така потврди дека САД повеќекратно се обраќале до Израел да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на невините животи.











