Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шокаровски: Нема зголемена смртност на кардиохирургија и нема фантомски пациенти

/

пред 872 дена

Сподели преку :

Разрешениот директор на државната кардиохирургија, доктор Марјан Шокаровски, презентирајќи анализа на податоци од работењето на неговиот тим го демантираше министерот за здравство Илир Демири и дел од медиумите за зголемена смртноста на пациентите во клиниката.  Шокаровски смета дека извештајот на Комисијата е неточен и тенденциозен и дека се води хајка против Клиниката и напад врз државната Кардиохирургија.

Како невистини ги отфрли наводите за нарушени меѓучовечки односи а за т.н. 170 фантомски пациенти кажа дека тие постојат на хартија со комплетна историја но не се внесени во системот поради технички проблем. Разрешувањето е незаконско, дециден е Шокаровски.

 

„Последните пет месеци има намалување на очекуваната смртност кај пациентите во Клиниката а зголемен процент на итни пациенти, покажува анализата изготвена на барање на Шокаровски и неговиот тим. Извештајот на министерството за здравство се уште го нема добиено“, изјави д-р Марјан Шокаровски, Клиника за Кардиохирургија.

 

За 170те нерегистрирани пациенти во системот „Мој термин“, Шокаровски кажа дела станува збор за технички проблем и поврзаност на Клиниката со системот и дека комплетните истории на пациентите ги има на хартија и се на располагање на секој што сака да провери“ вели доц. д-р Васил Папастиев, Клиника за кардиохирургија.

 

Раководниот тим на Клиниката ги демантираше и информациите за нарушени меѓучовечки односи на Клиниката.

Министерот Демири ја разреши и Александра Ефтимова раководител на програмата за превенција на кардиоваскуларни заболувања бидејќи одбила да му достави извештај и список на ангажираните странски експерти на кои била плаќана дневница како што кажа од 700 евра а за кои има информации дека се од соседна Србија и затоа не знае дали тие воопшто имаат лиценци и исполнуваат услови.

„Во обвинителството пак денес пристигна пријавата на министерот Демири за злоупотреба на службената положба и овластување против разрешените Шокаровски и Ефтимова раководител на и е распоредена кај надлежен обвинител за постапување“, изјави Илир Демири, технички министер за здравство.

Oгнен Чанчаревиќ