Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 28 лица загинаа во автобуска несреќа во Пакистан

/

пред 876 дена

Сподели преку :

Загинаа најмалку 28 лица, а 20 се повредени во автобуска несреќа во југозападен Пакистан. Локалните власти известуваат дека причината за несреќата било губење на контрола на возачот кој управувал со автобусот, а истиот тој загинал при сообраќајката.

Спасувачите и полицијата брзо реагирале и им пружиле првична медицинска помош на повредените патници. Полицијата веднаш ги пренела повредените во болница. Некои од повредените сè уште се наоѓаат во критична состојба.

Сообраќајните несреќи се чести во Пакистан каде ретко се почитуваат сообраќајните правила и безбедносните стандарди. Последната несреќа се случи три дена откако 13 луѓе загинаа во смртоносен судир меѓу комбе и камион во Мултан, град во источната провинција Пенџаб.

Најмалку 20 луѓе загинаа, а други 30 беа повредени на почетокот на овој месец во слична ваква несреќа.