Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовската полиција заплени пари од трезорот на НБС во северниот дел на Косовска Митровица

/

пред 875 дена

Сподели преку :

Косовската полиција соопшти дека при претресот на трезорската филијала на Народната банка на Србија (НБС) во северниот дел на Косовска Митровица, затворена на 20 мај заедно со сите пет филијали на банката Поштенска штедилница во северниот дел Косово, запленила динари, евра и швајцарски франци.

Косовската полиција на 20 мај ги затвори експозитурите на Поштенска штедилница и трезорот на НБС во Косовска Митровица, но, не успеала да го отвори сефот во трезорот бидејќи одговорното лице кое имало клучевите од сефот било отсутно.

Синоќа бил отворен трезорот од одговорното лице при што се одземени 152.290 динари, 4.580 евра и 940 швајцарски франци, а управителот бил сослушан како осомничен.

Врз основа на Уредбата на Приштина, од 1 февруари е дозволено плаќање во готовина само во евра, односно забранети се динарите