Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон: Систематското одложување на решението за две држави треба да заврши

/

пред 875 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека треба да се стави крај на „систематското одложување“ на спроведувањето на решението за две држави и на формирањето палестинска држава.

-Макрон ја потврди посветеноста на Франција да работи, со своите европски и арапски партнери, на заедничка визија за мир која нуди безбедносни гаранции за Палестинците и Израелците, се вели во соопштението од француската претседателска палата објавено по телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател и неговиот палестински колега Махмуд Абас.

Овој процес би требало да ја вклучува перспектива за признавање на палестинската држава со практична структура“, додаде Елисејската палата.

Разговорот меѓу францускиот и палестинскиот претседател дојде откако Норвешка, Шпанија и Ирска и официјално ја признаа државата Палестина.

Претходно и Макрон се изјасни во корист на француското признавање на палестинската држава, но додаде дека тоа треба да се случи во вистинско време.