Тројца се повредени во авионската несреќа што се случи денеска во Хрватска. Помал авион при слетувањето ја промашил пистата на островот Хвар при што се повредени тројца, но никој сериозно.
Како што пренесуваат хрватските медиуми несреќата се случила на спортскиот аеродром Стар град, кој е под управа на тамошниот аероклуб.
Далмација данас објавува дека авионот удрил во пешаци, кои се државјанки на Германија, а едната итно е пренесена во болница. Другата туристка го избегнала ударот, бидејќи се фрлила на страна.
Со полесни повреди поминала и сопатничката во авионот, со кого што управувал француски државјанин, кој не е повреден. Се претпоставува дека тој ја промашил пистата и слетал на улицата. Медиумите во Хрватска претпоставуваат дека тоа се случило бидејќи пистата е земјена, па можеби поради тоа дошло до заблуда.











