Поранешниот претседател Доналд Трамп во петокот даде неверојатен одговор на пресудата за вина во неговото судење за замолчени пари, оценувајќи ја постапката како политичка и вети дека ќе поднесе жалба. Трамп започна со нападот врз судијата, во неговото кривично судење и продолжи да го поткопува системот на кривичната правда во Њујорк, додека се обидуваше да ја отфрли својата осуда за 34 обвиненија за кривично дело.
Во обраќањето за медиумите поранешниот претседател инсистираше на тоа дека сака да сведочи. Сите обвинети за кривични дела имаат уставно право да сведочат во свое име. Со изборот да не сведочи, Трамп се откажа од тоа право. Трамп рече дека сака да сведочи, но тврдеше дека судијата сакал да навлезе во секој детал од случајот и дека се плашел дека ќе го гонат за лажно сведочење доколку направи вербален погрешен чекор.
„Би сакал да сведочам, но, би рекле нешто ненамерно како „Тоа беше прекрасен сончев ден, а всушност врнеше“, ијзави американскиот претседател.
Поранешниот републикански претседател, пркосен како и секогаш, тврдеше дека пресудата е нелегитимна и водена од политиката затоа што решил уште еднаш да се кандидира за претседател. Трамп рече дека „ќе се жали“ на пресудата „за многу различни работи“ и вети дека борбата е далеку од завршена. Кампањата на републиканецот вели дека собрала 34,8 милиони долари како донации, откако тој беше осуден на судењето за молчење во Њујорк.











