Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За првпат жена – во тек е рок за регистрација на кандидати за претседателските избори во Иран

/

пред 873 дена

Сподели преку :

Зохре Елахијан стана првата жена која се регистрира за претстојните вонредни претседателски избори во Иран по смртта на Ебрахим Раиси кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

Како што пренесува иранската агенција ИРНА, Елахијан соопштила дека мотото на нејзината влада би било „Здрава влада, здрава економија, здраво општество“.

Кандидатура за претседателските избори во Иран најави и поранешниот спикер на парламентот, Али Лариџани. Него му беше забрането да се кандидира на претседателските избори во 2021 година, врз основа на одлука на Советот на чувари на исламската револуција кој врши проверка на кандидатите.

Меѓу кандидатите е и поранешниот гувернер на иранската централна банка Абдолнасер Хемати.

Регистрацијата на кандидати за изборите кои се закажани на 28 јуни почна во четвртокот. Рокот за пријавување е пет дена по што ќе следува проверка на кандидатите.