Руските ПВО системи соборија два авиона од типот Миг-29 на украинското воено воздухопловство, соопшти министерството за одрбана на Руската Федерација.
Во изминатите 24 часа, како што се додава, уништени се 50 дронови, 23 ракетни системи за повеќекратно лансирање ХИМАРС од американско производство, две оперативно-татктички ракети „Точка-У“, три француски наведувани бомби „Хамер“ и противбродска ракета „Нептун“.
Утрово, пак, во рускиот град Белгород одекнаа серија експлозии, по што се огласија и серите за воздушна опасност. Најмалку шест лица се ранети во украинскиот напад врз Шебекин, изјави губернаторот на Белгородската област, Вјачеслав Глатков.











