Еден пожарникар го загуби животот за време на спасувачка операција во градот Фафенхофен ан дер Илм во Горна Баварија, откако чамецот во кој се превезуваше со уште тројца колеги се преврте во поплавеното подрачје, пренесува Тагесшау.
Од областа на Фафенхофен се евакуирани над 200 луѓе, а во 10 окрузи во Баварија е прогласена вонредна состојба, поради пораст на нивото на Дунав и неговите притоки по обилните врнежи од дожд.
Железничкиот сообраќај меѓу Минхен и Штутгарт е запрен. Два вагона на меѓуградски воз со 185 патници излегоа од шините поради свлечиште.
Обилните врнежи предизвикаа поплави во Баварија, а дождот кој врнеше неколку часа доведе до пукање на брана и насип во Аугсбург.











