Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Медицински сестри среде пандемија работат без здравствено осигурување

/

пред 2093 дена

Сподели преку :

На прва линија против Ковид – но, сѐ уште со нерешен личен статус. Унијата на медицински сестри реагира дека еднократната парична награда за здравствените работници во време на коронавирус е добредојдена, но тоа е далеку од решавање на нивниот статус како вработени во болниците и здравствените установи. Дел од нив работат без здравствено осигурување па и во време на пандемија.

Министерот за здравство Филипче е свесен за ова и одговори дека процесот на вработување е веќе започнат но шансите се дека ќе трае и во текот на целата 2021 година. Ќе можат да аплицираат сите.

Од Унијата на медицински сестри освен за нерешен статус кај голем дел од нив, реагираат и дека имало многу случаи во здравствените домови низ цела Македонија каде одреден број сестри биле изоставени кга се делеле паричните награди. Од Унијата не биле вклучени во изготувувањето на критериумите ниту пак знаат – кој и како одредувал кој да биче парично награден заради директно учество во борбата со Ковид.

Петар Догов