Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Европскиот фронт“ со Декларација до меѓународната заедница се обидува да влезе во власта

/

пред 868 дена

Сподели преку :

ДУИ, кои по 16 години на власт треба да се преселат во опозиција, продолжуваат да се жалат кај меѓународната заедница. Овојпат со Меморандум, потпишан од сите партии од „Европскиот фронт“, повторно ќе се обидат да ги убедат странците дека со влегувањето на коалицијата Влен во новата Влада, легитимитетот на Албанците и помалите етнички заедници е компромитиран. Ја нарекоа „политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од изборите“.

Претходно, пред присутните се обратија и коалиционите партнери.

Од коалицијата „Вреди“, кои преговараат со ВМРО-ДПМНЕ за влез во владата, им порачуваат на ДУИ дека се единствено легитимен претставник на криминалот и корупцијата во Македонија.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој беше избран од нивните редови, утре ќе ја одржи првата координација со претставници на партиите. Ќе се договара динамиката на формирање на работните тела, по што ќе следи седницата за законите поврзани со реформите во министерствата.

Далиборка Демјанска Цветановска