Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неделава почнуваат европските избори, крајната десница се надева дека ќе оствари добар резултат

/

пред 871 дена

Сподели преку :

400 милиони граѓани на земји членки на ЕУ неделава ќе гласаат за нов состав на Европскиот парламент. Покачувањето на трошоците за живот, протестите на земјоделците и војните во Украина и Газа ја охрабруваат крајната десница да се надева на постигнување значителен резултат.

Не очекуваме големи промени кога станува збор за тоа кој ќе управува со Европскиот парламент. Но, во секој случај гледаме придвижување кон десницата, и има интересни сценарија кои можат да произлезат кои ќе направат победничката партија, која се очекува да биде Европската Народна Партија, потешко да управува во споредба со изминативе пет години. Мислам дека ќе има придвижување кон лево. Значи, прашањето е колку големо, смета Мариа Демерцис од тинк-тенкот Бругел.

Економијата, работните места и социјалното отфрлање, јавното здравство, климатските промени, како и иднината на Европа се меѓу најистакнатите теми за европските гласачи. Но, по неколку турбулентни години, на врвот повторно се вратија безбедноста и миграцијата.

Да, Европската унија мора да разбере дека имањето емпатија не значи да се остави вратата отворена за секоја една личност. Не може така. Ние си имаме наши традиции, кои исто така мораат да бидат почитувани. Јас ги почитувам туѓите традиции, ако одам во муслиманска земја, си ја покривам главата, вели 64 годишната пензионерка од Португалија, Роза Виегас.

Во земјите пак каде крајната десница ја има власта, левицата се обидува да го пренасочи бранот.

Овие избори не се само европски избори, тие се и национални избори. Демократската партија мора да освои барем еден глас повеќе од Џорџа Мелони, смета Роко Кастели, поддржувач на италијанската Демократска партија.

Уште еден факт кој посочува на важноста на овие избори е големата излезност која ја прогнозираат анкетите. На европските избори традиционално гласаат помалку од 50 проценти, но овој пат се очекуваат дури 75 проценти од гласачите да излезат на избори.

Се повеќе гледаме дека многу работи, многу одлуки се носат во Брисел. Невозможно е да се замисли дека една држава самостојно ќе може да се справи со големите предизвици кои ги гледаме, од климатските промени до одбраната. Значи, улогата на Европа станува се по релевантна во обидот за да се достигнат целите, и затоа земјите мораат многу повеќе да се грижат за тоа како се формираат одлуките во Европа, вели демерцис.

Европските избори започнуваат во четврток во Холандија, и ќе траат се до недела, кога ќе гласаат најголемиот дел од земјите членки. Во исто време ова се и првите избори по излегувањето на Велика Британија од ЕУ и намалувањето на бројот на пратеници.

Во моменталниот состав најмногу пратеници има Европската Народна Партија, 176, пред Социјалдемократите со 139 и либералите и Европска обнова со 102 пратенички места.

Игор Трајков