Странски државјанин е уапсен денеска во романската престолнина Букурешт, откако фрлил молотов коктел пред израелската амбасада, во инцидент во кој немало жртви или материјална штета, соопшти полицијата.
Романската разузнавачка служба соопшти дека нејзините службеници за борба против тероризмот го уапсиле 34-годишниот осомничен, кој, наводно, се заканил дека ќе се самозапали.
Израелското Министерство за надворешни работи го потврди апсењето на маж „наводно од сириско потекло“.











