Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Кина зеде примероци од темната страна на Месечината

/

пред 870 дена

Сподели преку :

Кина денеска соопшти дека вселенското летало кое носи примероци од карпи и почва од темната страна на Месечината го започнало своето патување назад кон Земјата.

Кинеската Национална вселенска администрација соопшти дека сондата Chang’e-6 (Промена-6) предходно беше поставената во орбита околу Месечината, се спушти на површината и ги складираше примероците што ги собра во специјален контејнер.

Сондата Chang’e-6 беше лансирана минатиот месец и нејзиниот лендер беше спуштен на темната страна на Месечината во неделата. Капсулата со примероците треба да се врати на Земјата во пустините на кинеската област Внатрешна Монголија околу 25 јуни.

Мисиите на темната страна на Месечината се потешки бидејќи таа не е свртена кон Земјата, поради што е потребен посебен сателит за одржување на комуникациите. Теренот е исто така со помалку рамни површини за слетување.

Мисијата е шеста во програмата за истражување на месечината Chang’e, која е именувана по кинеската божица на месечината. По 2020 година ова е второ собирање примероци.