Висок функционер на милитантната група Хамас изјави дека палестинската фракција нема да прифати никаков договор со Израел во кој јасно не се наведува „траен прекин на огнот“ и „сеопфатно израелско повлекување“ од Појасот Газа.
Осама Хамдан пред новинарите во Бејрут истакна дека Хамас им кажал на посредниците дека чекаат израелски одговор.
Неговите коментарите доaѓаат неколку дена по предлогот за прекин на огнот, објавен од страна на САД.
Претседателот Џо Бајден понуди можност да се стави крај на израелската војна против Хамас, да се вратат голем број заложници кои ги држи милитантната група и да се смират борбите на северната граница со Либан.
Иако Бајден рече дека предлогот е израелски, израелското раководство изгледа се дистанцира од планот, ветувајќи дека ќе продолжи да спроведува воени операции против Хамас додека групата не биде уништена











