Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новак Ѓоковиќ успешно опериран, но го пропушта Вимблдон

/

пред 850 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ денеска во Париз го оперираше повреденото колено поради што се  повлече од четвртфиналето на Ролан Гарос. Србинот го очекува пауза од најмалку три недели.

Ѓоковиќ заработи повреда на менискусот на десното колено за време на мечот против Франциско Серундоло во осминафиналето на Ролан Гарос. Поради тоа тој вчера соопшти дека се повлекува од грен слемот. Информациите во медиумит се дека операцијата на Ѓоковиќ минала во најдобар ред и без компликации, па сега го очекува рехабилитација од минимум три недели.

Тоа значи дека најдобриот тенисер на денешницата нема да може да настапи на Вимблдон, бидејќи грен слемот е на програмата од 1 до 14-ти јули.

Ѓоковиќ целосно ќе се фокусира на настап на Олимписките игри во Париз, што е единствениот трофеј што му недостигна во неговата богата кариера.