По точно педесет години, Рим е домаќин на најдобрите атлетичари од Европа. Во италијанската престолнина 1559 натпреварувачи од 48 земји ќе се борат за медали во 46 дисциплини, по 23 во машка и женска конкуренција.
Македонија во Рим ќе ја преставуваат двајца атлетичари. Андреас Трајковски е дел од квалификациите во скок во далечина и тој ќе настапи утре додека в сабота во полумартатонската трка ќе учествува Дарио Ивановски.
ФОТО: Игор Паневски






















